ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/21 9:18 AM

Трагедија: Среде бел ден, пред продавница за чевли убиен познатиот рапер Јанг Долф

Познатиот американски рапер, Јанг Долф (36) е убиен во престрелка во Мемфис, САД. Пукањето се случило вчера во текот на денот, а раперот бил пред ресторанот кога некој поминал и почнал да пука, јавува локалната полиција, а пренесува мондо.рс.
„Ова пукање е уште еден пример за бесмисленото огнено насилство што го доживуваме локално и низ целата земја. Нашите срца се со семејството Торнтон и сите оние кои се погодени од овој ужасен чин на насилство“, рече началникот на полицијата Дејвис, а пишуваат светските медиуми.

Се уште не се знае кој е мотивот за убиството, ниту кој е осомничениот.
Ова не е прв пат да се обидат да го ликвидираат Долф. Тој беше застрелан во Лос Анџелес во 2017 година, а потоа беше погоден со неколку куршуми и итно беше префрлен во болница, каде успеаја да му помогнат.

Пукањето се случило пред продавница за чевли, во еден од најпознатите трговски центри.

Фото: en.wikipedia.org


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1