ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/21 8:50 AM

Катарина Јовановска прогласена за најфотогенична на Изборот за кралица на Евроазија 2021

Катарина Јовановска (24) од Тетово ја освои титулата за најфотогенична (best photomodel)  на изборот за Кралица на Евроазија 2021 (Queen of Eurasia 2021), кој се одржа во Анталија, Турција. Катарина е членка е на Модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина, кој традиционално секоја година се одржува во ноември во Анталија, Турција.

Победничка на изборот, Кралица на Евроазија за 2021година е претставничката на Белорусија.

На финалето нашата Катарина носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработија студијата “Краљевски” и “Луме”. Изборот се одржа во прекрасниот хотел Спајс во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 30те финалистки на Кралица на Евроазија 2021.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1