ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/21 10:22 AM

Полицајците на здрава храна – МВР за овошје и зеленчук планира да потроши 512.000 евра за три години

Полицајците во наредните три години ќе се хранат здраво. Министерството за внатрешни работи склучи рамковна спогодба со компанијата ТРИ- М Трејд од Илинден која треба да им испорачува квалитетно овошје и зеленчук. Договорот тежи 512.000 евра, или министерството поценило дека ќе им треба овошје и зелечук за по околу 170.000 евра годишно. За овие пари компанијата треба да го снабдува министерството со сите овошја и зеленчуци во текот на три години – од ананаси, лимони, јаболки, лубеници, дињи, кајсии, праски, до домати, пиперки, компири, кромиди и други. Некои се за  сезоната во која ги има, други за цела година. Но, компанијата мора да гарантира дека тоа што ќе го испорача на полицијата мора да е квалитетно- односно да бидат цели и неоштетени, нескапани, чисти, незаразени од штетници, без присуство на несвојствена миризба или вкус.

Но, она што е наинтересно, МВР се обврзува да ги плаќа овошјата и зеленчуците кои ќе ги набави, според потребите, во наредните три години по просечни цени кои се дури повисоки и од тие во маркетите. Ананасот ќе е увоз од Костарика, бананите од Еквадор, портокалите, лимоните, мандарините, кивите, цитроните од Турција. Гумбирот да биде од Кина, доматите, краставиците, пиперките, тиквиците дел од земјава, дел турски, магдоносот грчки, а празот од Албанија. Другите овошја и зеленчуци ќе се од домашно производство.

Така бананите кои ќе ги купува МВР од компанијата се по цена од 77 денари за килограм во текот на целата година, јаболките по 71 денар, портокалите, пак, по цена од над 82 денари, праските по 71 денар. Додека кај зеленчукот, доматите се по цена од речиси 95 денари за килограм за цела година исто толку ќе чини и килограм краставици и килограм пипер.

МВР со рамковната спогодба треба овие цени на овошјата и зеленчуците даги плаќа во наредните три години.

(А.С.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1