ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/17/21 9:13 PM

Внимавајте – Ако пиете премногу кафе може да оштетите еден орган

Кафето е дефинитивно еден од омилените пијалоци ширум светот, а експертите велат дека умереното консумирање позитивно влијае на здравјето. Меѓутоа, ако претерате, последиците може да настанат на бубрезите, покажува новата студија објавена во Клиничкиот весник на Американското здружение на нефролози.

Истражувачите ги анализирале метаболитите на 3.800 учесници во студијата која собирала информации за нивните навики кои би можеле да влијаат на срцето. Метаболитите вообичаено се произведуваат кога телото обработува храна, лекови, па дури и сопствени ткива како што се мускулите или мастите.

Студијата покажа дека 41 метаболити се поврзани со консумирање кафе, а покачените нивоа на три од овие метаболити се поврзани со значително поголем ризик од развој на хронична бубрежна болест.

Дали тоа значи дека треба да престанете да пиете кафе? Не мора, освен ако немате проблеми со бубрезите, велат научниците.

Тие нагласија дека претходните студии утврдиле дека умереното консумирање кафе има добри ефекти врз здравјето и дека една шолја од овој пијалок дневно може дури и да го намали ризикот од камења во бубрезите за 40 проценти.

Кога станува збор за она што се смета за умерено конзумирање кафе, едно истражување покажа дека до четири шолји дневно не би требало да имаат лош ефект врз здравјето, туку дека најдобро е да се консумираат една или две шолји дневно. Ова приближно се совпаѓа со општата препорака да не се консумира повеќе од 400 милиграми кофеин дневно.

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1