ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/17/21 8:45 PM

Никогаш не сакав да се оженам, не сакав деца – Џорџ Клуни прозборе како сопругата му го променила животот

Џорџ Клуни долго време важеше за најпосакуваниот холивудски ерген, а се чини дека емотивниот статус на актерот се промени преку ноќ кога ја запозна адвокатката Амлан Аламудин.

Тие двајца сега имаат близнаци Ела и Александар, а актерот, признава, „животот станал комплетен“, но напоменува дека не ни сонувал дека такво нешто ќе му се случи.

Тој долго време веруваше во спротивното и не сакаше да „стапи на луд камен“, а во неодамна емитуваната епизода од подкастот „WTF“ со Марк Марон, си ја отвори душата на таа тема, опишувајќи ја Амал како најубавата и најпаметната жена што некогаш ја запознал.

– Слушај, јас воопшто не сакав да се оженам. Не сакав деца. И тогаш го запознав ова нереално суштество. Тоа влезе во мојот живот и бев фасциниран, од самиот почеток. И веднаш, штом ја запознав, знаев дека ништо повеќе нема да биде исто – му рекол тој на водителот.

– Излегував со многу убави, паметни, талентирани жени, но само понекогаш ти се случува некој што е создаден за тебе. Мислам дека јас и Амал се најдовме и дека таа се чувствува исто, кога сум јас во прашање – додал тој.

Амал и Џорџ се венчаа во 2014 година, по помалку од една година врска. До самата свршувачка, за бракот не се ни разговарало. Сепак, тие веќе го планирале семејството, разговарале за тоа, особено по посетата на пријателите чие дете, според актерот, било „невозможно“.

– Ме шокира колку сум среќен. Чудно е да се каже дека, да… – заклучил Клуни, сега горд татко на две деца.

Извор: Курир.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1