ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/17/21 6:58 PM

Апелацискиот суд му ја зголеми казната затвор од 15 на 30 месеци на возачот кој ја прегази Верица Белчовска

Апелацискиот суд во Штип ја зголемил казната затвор од 15 на 30 месеци на И.Ч. (18) од Струмица заради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново.

Во јули годинава Основниот суд во Струмица му изрече пресуда 15 месеци за сообраќајната несреќа која се случи на 7 април годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица, која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Пресудата на Апелацискиот суд ја соопшти адвокатката на семејството Белчовски преку писмена изјава за медиумите.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1