ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/17/21 6:31 PM

Црн рекорд досега незабележан – Повеќе од 100 илјади Американци починаа од предозирање за една година

Смртноста од последиците од предозирање во Соединетите Американски Држави расте повеќе од две децении, а во последните две години е забрзана и, според последните податоци, во последната година е зголемена за речиси 30 отсто.

Повеќе од 100.000 Американци умреа од предозирање со дрога за една година – што е досега незабележано – а здравствените власти го поврзаа тоа со пандемијата на Ковид-19 и присуството на уште поопасни опиоиди во системот за снабдување со лекови.

Врз основа на најновите достапни податоци од регистарот на смртни случаи, Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) проценува дека 100.300 Американци починале како резултат на предозирање со лекови од мај 2020 година до април 2021 година. Тоа не се официјални податоци, наведува АП.

ЦДЦ претходно објави дека во 2020 година имало околу 93.000 смртни случаи од предозирање, што е најголем број регистриран во една календарска година.

Роберт Андерсон, шеф на статистиката за смртност на ЦДЦ, рече дека бројот за календарската 2021 година веројатно ќе ја надмине бројката од 100.000.

Експертите веруваат дека главните двигатели на овој раст се зголемената распространетост на смртоносниот фентанил во системот за недозволено снабдување со дрога и пандемијата на Ковид-19, која остави многу корисници на дрога социјално изолирани и неспособни да добијат третман или друга поддршка.

– Бројката е поразителна. Тоа е размерот на смртните случаи од предозирање какви што досега не сме виделе во оваа земја – изјави Кетрин Кис, експерт од Универзитетот Колумбија за прашања поврзани со злоупотреба на дрога.

Смртноста од последиците од предозирање со дрога сега ја надминува смртноста од сообраќајни несреќи, оружје, па дури и од грип и пневмонија.

Извор: Србијаданас.ком

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1