ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/17/21 5:43 PM

Неприфатливо е да се наруши слободниот избор на работниците за имунизација – КСОМ не се согласува со најновите мерки

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) не се согласува со најновите мерки што денеска ги предложи Комисијата за заразни болести, а се однесуваат на вработените во јавниот сектор.

– Како синдикат сметаме дека неприфатливо е да се наруши слободниот избор на работници по однос на прашањето за имунизација од Ковид 19. Мнозинството од работници се веќе вакцинирани, но постои и дел од вработените кои решиле да не се вакцинираат поради лични или здравствени причини и синдикатот силно го почитува нивниот избор. Како КСОМ ја поздравивме кампањата и едукацијата на работниците по однос на вакцинацијата, но на крајот секој поединец сам носи одлука за сопственото тело, се вели во реакцијата.

Според КСОМ, задолжителната вакцинација е неуставна и доколку се спроведе, најавуваат синдикални протести и покренување на иницијатива пред Уставниот суд.

Комисијата за заразни болести денеска предложи нови мерки со кои сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа при одење на работа ќе треба да приложат потврда за примена најмалку една примена вакцина или негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа и ќе биде направен на сопствен трошок. Исто така ќе може да се приложи и потврда за прележан Ковид не постар од 45 дена или потврда од лекар специјалист дека лицето не може да прими вакцина поради ретки имунолошки состојби. Препорака е овие мерки да ги почитува и приватниот сектор. Задолжителна вакцинација се препорачува и за сите здравствени работници.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1