ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/17/21 4:06 PM

(Видео) „Моите родители треба да одат во затвор, јас прв пат гледам пари“ – Бритни Спирс се исповедаше пред следбениците на Инстаграм

“Бев под старателство на моите родители 13 години. Навистина е ситуација во која не сакате да се најдете”, изјавила пејачката на почетокот на видеото, кое го објави на својот Инстаграм профил.

Таа се пожали дека иако судот ја прогласи за слободна, таа се уште ги чувствува последиците маките.  Таа во видеото рече и дека  смета дека нејзините родители треба да бидат во затвор поради начинот на кој ја контролирале цел живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


„Искрено, сè уште се будам секое утро и размислувам за тоа како моето семејство можеше да ми го направи ова. Мајка ми, која оди во црква“, рече таа.
Бритни вели дека  секој ден и е благодарна што конечно е независна, дека се чувствува како жена, бидејќи има слобода да вози автомобил, да оди на банкомат и да купи свеќи.

„Секој ден сум благодарен што имам банкарска картичка, првпат гледам пари, што можам да одам да купам свеќи. Тоа се мали работи за нас жените, но прават огромна разлика, изјави пејачката.

Во описот на видеото, таа навести дека е можно, како Меган Маркл и Адел да ја отвори душата кај Опра Винфри.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1