ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/17/21 3:02 PM

Трајко Славевски од ВМРО ДПМНЕ избран за претседател на Советот на Град Скопје

Трајко Славевски од ВМРО ДПМНЕ е новиот претседател на Советот на Град Скопје, вакава одлука се донесе на денешната конститутивна седница одржана во кино „Фосина“ во МКЦ. На седницата исто така беа верификувани мандатите на 45 советници.

Славевски беше предложен од советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Владимир Нелоски, кој доби поддршка од 24 советници, додека советниците од СДСМ гласаа против или беа воздржани.

Новиот претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски во своето обраќање истакна дека во советот сите се еднакви ебз разлика на политичката партија од која доаѓаат, и дека сите треба да работат на решавање на градските прашање. Како приоритет го истакна проблемот со јавните претпријатија загубари, со цел да се дојде до ефикасни јавни претпријатија и институции.

Новиот Совет на Град Скопје го сочинуваат 45 члена, а нивниот мандат трае четири години.

Арсовска во своето обраќање истакна дека во Советот има квалитетни и професионални личности  кои ќе придонесат во квалитетот на работењето на Советот на Град Скопје.

– Во оваа група на советници имаме луѓе кои се од различни профили, кои доаѓаат од политиката, од граѓанскиот сектор, меѓутоа мислам дека сите вие имате свои квалитети како личности и професионалци што многу ќе придонесе за зголемување на квалитетот на работењето на Советот на Градот Скопје во наредните 4 години. Од мое име како градоначалничка на Град Скопје посакувам успешно да соработуваме во наредните 4 години, а од името на скопјани ви благодарам што ќе се залагате за нивните интереси – кажа градоначалничката Арсовска.
Советот на Град Скопје најпрво ги избра претседателот и членовите на Комисијата за верификација, мандатни прашања, претставки и поплаки на Советот на Град Скопје. Потоа Комисијата ги верификува мандатите на советниците на Советот на Град Скопје од локалните избори.
Фотографии: Фејсбук Град Скопје

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1