ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/17/21 3:02 PM

Предлози за одржлив и праведен развој на градот и еколошки чисто Скопје, од граѓански иницијативи и активисти

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска оваа недела оставри средби со претставници на граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град, при што разговарале за предлозите за одржлив и праведен развој на Скопје.

„Со претставниците на граѓанската иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Драгана Велковска и Горјан Јовановски разговаравме за предлозите за одржлив и праведен развој на Скопје. Беа истакнати предлози за вклучување на граѓаните и релевантните организации во процесот на носење одлуки, конципирање зелен и хуман Генерален урбанистички план за Скопје и зелениот катастар. Конкретни чекори беа договорени за разгледување на над 30 предлози за одржлив и праведен развој на градот, произлезени од Граѓанскиот буџетски форум на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД“, напиша градоначалничката Арсовска.

Исто така таа оставри средба со граѓанската активистика Ирена Ристиќ за конкретни предлози за Скопје да биде еколошки чист град.

„Со граѓанската активистка Ирена Ристиќ разговаравме за 20 конкретни предлози кои треба да се земат во предвид со цел креирање сеопфатно решение за Скопје да биде еколошки чист град. Воедно беа доставени и листа граѓански предлози на разгледување, со цел запознавање што е истакнато како приоритетно. Се договоривме на следната средба да координираме потенцијални заеднички активности и да се утврди прогрес на реализација на доставените предлози“, напиша Арсовска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1