ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/17/21 3:15 PM

Бочварски: Пари за брана на реката Отиња ќе има, предвидени се и во буџетот за 2022 година

Средства за изградба на брана на реката Отиња ќе има , предвидени се и во буџетот за 2022 година, информираше Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој денес заедно со директорот на Ј.П за државни патишта, Ејуп Рустеми беа на увид на обиколницата кај населбата Три Чешми, Штип.

„Браната на река Отиња останува во буџетот на Министерството за транспорт и врски. Тоа е Предлог-буџет којшто допрва ќе оди во Собрание и ќе има доволно средства за да се одвиваат непречено активностите и во наредната 2022 година. Моите сознанија и она кое што го знам од проектите и од изведувачите на терен некаде 2023 ќе биде годината кога ќе ја завршиме градбата на оваа брана,“рече Бочварски.

Без оглед на тоа што во голем број општини има промени во раководствата на Локалната самоуправа, Министерството за транспорт и врски остануваат отворени за соработка.

„Апсолутно, ние сме отворени за соработка. Впрочем, тоа го докажавме и во изминатиот период, имаше општини и во минатиот мандат коишто ги раководеа градоначалници и од опозицијата и од власта. Подеднакво инвестиравме насекаде, во сите региони, тоа се гледа колку инвестиравме во сите општини, така ќе продолжиме и во иднина, порача Бочварски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1