ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/17/21 12:49 PM

Најмалото бебе во Македонија е тешко 480 грама – Одбележан Светскиот ден на предвреме родени бебиња

Најмалото бебе е родено во 23 недела, а има помали на тежина. Има бебе кое е родено  во 24 недела, а тежи само 480 грама. Ова беше речено денес на плоштадот во Скопје, каде се прославуваше Светскиот ден на предвреме родени дечиња, а каде присуствуваа министерот Филипче и директорките на ГАК и Детска клиника.

-Со самото тоа што има ден битен за одбележување, покажува колку е важно и што значи да се подобри целокупниот систем за да се подобри степенот на преживување на предвреме родените бебиња. Станува збор за бебиња кои се 25 проценти од вкупниот број родени бебиња и тие традиционално се раѓаат на ГАК и на „Мајка Тереза“ во Чаир, каде има соодветна експертиза. Интензивната нега на Клиника за гинекологија и Педијатрија се двете институции каде се третираат. Ова е еден сегмен во кој изминатите четири години постигнавме значајни резултати, процентот на преживување на овие бебиња се зголеми. Смртноста од 2016 година беше 25 проценти а сега е 8,9. Ова е поради вниманието и инвестицијата која ја правиме за подобрување на третманот на бебињата и родилките, како на оние кои се раѓаат во термин, така и на предвремено родените. Ние сме единствена земја во светот каде има значајно намалување на смртност на родените бебиња, споредувајки пред 5-6 години е преполовена. Тука станува збор и за неонаталната и доенечката смртност. Направивме стратегија да се инвестира како во опрема такак и во знаење и имаме со што да се пофалиме, рече Филипче.

Директорката на Клиниката за педијатрија, Аспазија Софијанова  рече дека  веќе долго време се справуваат со проблемот на прематуритетот и само тимски може да се  помогне да се подобри квалитетот на животот на предвреме родените за да бидат здрави.

– Вчера првпат здравствените политики препознаа, односно ги ставија педијатрите во Законот за здравствена заштита, како матични педијатри, понатаму ќе се грижат за овие деца. Улогата на педијатарот после долго време е ставена на прво место, рече Софијанова.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1