ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/17/21 11:44 AM

Влатко Стефановски Трио конечно со настап пред скопјани

Мегапопуларното Влатко Стефановски Трио вечер (среда)  ќе настапи во Intermezzo Music Bar во Скопје.

Неповторливиот автор и гитарист ќе биде придружуван од својот син Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара. Влатко Стефановски како еден од најголемите виртуози на овие простори е препознатлив по својот посебен стил на комбинирање на традиционалните и рок звуците. Концертот ќе биде микс од етно, рок, поп и џез звуци, како и голем дел од неговото богато авторско творештво.

Влезниците се веќе пуштени во продажба, а местата се ограничени. Настанот ќе биде спроведен со примена на сите здравствени протоколи за заштита и превенција од Ковид-19.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1