ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/17/21 11:18 AM

Министер треба да остане тој што се покажал, рече Филипче за владината реконструкција што ја најави Битиќи

Министерот Венко Филипче не е е оптоварен со гласините за реконструкција на Владата и дали ќе се најде во следниот кабинет, туку со менаџирањето на пандемијата што му е приоритет во моментов.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера најави дека откако ќе се окрупни парламентарното мнозинство, премиерот во одложена оставка, Зоран Заев ќе направи реконструкција на Владата.

– Тоа е допрва нешто за што се разговара, тој процес ќе трае во парламентот. Кога ќе има соодветни одлуки ќе разговараме и ќе евалуираме. Треба да работи или да остане да работи тој што се пронаоѓа во работата министер и тој што покажал резултати. Евидентни се критериумите за успех во работата. Тоа го прави премиерот. Не се оптеретувам во тој дел туку во менаџирањето на пандемијата – рече Филипче кој пред два месеца си поднесе оставка од функцијата по пожарот во модуларната болница во Тетово во која животот го загубија 16 луѓе, но премиерот Зоран Заев не му ја прифати.

Како министер тој во моментов не може да каже со сигурност во која насока ќе оди епидемиолошката слика, но потврди дека заедно со Комисијата мора да се подготват за најлошите сценарија

– Тоа значи полни болници, пренаменување на други одделенија да бидат болници за ковид пациенти и тоа не може да оди во недоглед. Пренаменувањето значи дека некои други пациенти чекаат за здравствена услуга или пак не се детектирани навреме некои болести. И сето тоа што го носиме како препорака за да се зголеми опфатот за вакцинација кој засега не е задоволителен – рече Филипче.

 

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1