ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/17/21 10:34 AM

Сите вработени во државно мора да се вакцинирани или да имаат негативен тест – нова мерка на Комисијата за заразни болести

Утрово на состанокот на Комисијата за заразни болести е донесена одлука со консензус според која ќе и се предложи на Владата сите вработени во јавниот сектор во сите институции, во локалната самоуправа, во владините институции за одење на работното место да мораат да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или негативен ПЦР-тест кој ќе важи најмалку 72-часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе имаат потврда за прележан ковид-19 не постар од 45 дена.

Министерот Венко Филипче утрово соопшти дека невакцинираните може да имаат и имаат потврда дека не смеат да примат вакцина, но тоа ќе се случи откако министерството ќе изготви листа на болести и имунолошки состојби и листа на специјалисти кои тие потврди ќе ги издаваат.

– Препорачуваме на ова да се приклучат и приватни компании. Веќе имаме најави за тоа затоа што од Сојузот на стопански комори стигна едно писмо со слични барања, а се со цел да се заштитат производствените капацитети и економскиот процес во зремјата. Препорачуваме задолжителна вакцинација за здравствени работници. Овие мерки предлагаме да стапат на сила десет дена откако Владата ќе ги усвои овие мерки со цел да дадаме шанса на оние 20-30% медицински работници кои не се вакцинирани да го сторат тоа што побргу – додаде Филипче.

Тој побара процесот на контрола од страна на сите инспекторати да се ажурира и да се користат електронските алатки. За тоа се изработени и апликации, на едната се прикажува соодветниот код и апликација која ја потврдува валидноста на кодот. Тие апликации се mkwallet I mkverifier  и ги имат во системите на сите телефони.

– Има и пациенти кои боледуваат од други болести мора да мислиме и на нив. Со мерката треба да се намали заразата. Во овој момент болниците се оптоварени со ковид-19 пациенти кои не се вакцинирани, односно 80% од нив се невакцинирани – рече Филипче.

 

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1