ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/21 11:02 PM

Ќе ја препознаете ли? Ѕвездата од „Беверли Хилс“ изненади со изгледот

Актерката Тори Спелинг ја изненади јавноста со најновите папарацо фотографии на кои изгледа како да има повеќе естетски корекции.

Ќерката на познатиот ТВ продуцент Арон Спелинг имаше прилично удобен живот, со оглед на тоа што нејзиниот татко работеше на некои од најпознатите серии на сите времиња, меѓу кои и познатата „Беверли Хилс“.

Токму во таа серија Тори се прослави, играјќи го ликот на Дона Мартин. По успехот на споменатата сапуница, таа имаше уште неколку филмски улоги, а пред десет години објави автобиографија наречена „Story Telling“, која се најде на врвот на листата на бестселери на „New York Times“.

Тори деновиве е честа тема на американските таблоиди поради естетските корекции на кои се подложила, а тамошните медиуми тврдат дека актерката дефинитивно претерала во корекција на лицето.

Calabasas, CA – *EXCLUSIVE* – Tori Spelling pictured running errands around Calabasas looking completely different after shutting down rumors that she recently went under the knife.
BACKGRID USA 13 NOVEMBER 2021,Image: 643064715, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: IXOLA / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Извор: Нова.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1