ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/21 8:55 PM

Почина актерот Хит Фримен, познат по улогата во серијата „Коски“

Актерот Хит Фримен, познат на пошироката јавност по улогите во сериите „NCIS“ и „Bones“, почина на 42-годишна возраст.

Се уште не е објавена причината за смртта на актерот кој го играше првиот убиец прикажан во серијата „Коски“, но оваа вест ја потврди неговиот менаџер Џо С.Монтифјоре.

– Навистина сме уништени од загубата на нашиот сакан Хит Фримен. Како брилијантно човечко суштество полно со дух, остави длабока трага во нашите срца. Во животот, тој беше длабоко лојален, приврзан и полн со благодарност кон пријателите и семејството. Тој беше многу горд на својата работа на филмот и возбуден за следното поглавје во неговата кариера. Споменот за него како син, брат, вујко, пријател, исклучително талентиран актер и продуцент, посветен готвач и човек со најзаразна и најспектакуларна смеа ќе остане вечно. Нека споменот за него е благослов за сите кои го познаваа и сакаа – напиша Монтифиоре во официјалното соопштение, пренесува „Додлајн“.

Фримен играше и во многу други серии како „Подигнување на шипката“, „Спартак“, а првата улога ја имаше во популарната серија „Ургентен центар“ (ЕР).

Во 2010 година тој беше и продуцент на филм за еден мал град во Тексас наречен „Skateland“, кој го сними со неговиот брат Брендон Фримен и пријателот Ентони Барнс. Според порталот „IMDb“, Фримен работел и на филмот „Terror on the Prairie“, чие снимање започна неодамна.

Извор: Новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1