ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/21 6:47 PM

По убиството во Кавадарци, мајката со малолетното дете избегале од градот

По убиството во Кавадарци за кое 45-годишен кавадарчанец доби 30 дневен притвор за убиство на 59-годишен сограѓанин, во јавноста излегоа информации дека расправијата на повеќе луѓе била околу старателство врз дете од вонбрачна заедница.

Од Центарот за социјални работи информираат за МИА дека ја контактирале мајката на детето Е.Р. која ги известила оти по сознанието за настанот што се случил, уште истата вечер, заедно со малолетното дете ја напуштила територијата на Општина Кавадарци и се наоѓа на друга територија каде се чувствувала безбедно.

– ЦСР Кавадараци ќе преземе мерки согласно Законот за семејството, a кои се во интерес на правата на детето, посочуваат за МИА од Министерството за труд и социјална политика.

Според МВР, денеска околу 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23:30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на  ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59)од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37),  А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1