ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/21 5:10 PM

Девет лица починаа, нови 524 случаи и 565 оздравени од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани нови 524 случаи на Ковид-19 од  3126 тестирања, 565 оздравени и девет починати пациенти.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се и осум починати лица со датум на смрт од 24 октомври до 13 ноември 2021.

Од новодијагностицираните, во Скопје се 215, Битола – 44, Кавадарци – 27, Куманово и Крива Паланка имаат по 24, Прилеп, Велес и Кочани по 21, Берово – 15, Делчево – 14, Тетово – 13, Гевгелија – 10, Неготино – девет, Кратово – осум, Штип и Демир Хисар по шест нови случаи, Охрид, Радовиш, Виница и Валандово по пет, Кичево, Ресен и Богданци по четири, Гостивар и Струга по три, Струмица и Пехчево по два и по еден новозаразен е регистриран во Свети Николе, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран.

Од деветтемина починати во изминатото деноноќие, тројца се од Крива Паланка (67г, 73г, и 81г), две лица се од Скопје (71г, и 77г) и по едно починато лице се од Битола (75г), Кочани (78г), Пробиштип (66г), и Тетово (67г). Сите се починати во болнички услови.

Меѓу дополнително пријавените осум починати од КОВИД-19 од системот Мој термин, со датум на смрт од  24 октомври до 13 ноември 2021, по двајца се од Скопје и од Велес и по еден од Гевгелија, Крива Паланка, Кочани и Тетово. Починатите се на возраст од 66 до 94 годни, пет од нив починале во домашни услови, а тројца се починати во болница.

Од 565-те оздравени пациенти, од Скопје се 245, Прилеп – 43, Битола – 34, Куманово – 32, Кавадараци – 28, Тетово – 26, Штип – 22, Велес – 19, Гевгелија – 16, Кочани – 15, Крива Паланка – 11, Струмица – осум, Гостивар и Пробиштип имаат по седум оздравени, Охрид, Кичево и Ресен по шест, Дојран – пет, Берово, Делчево и Виница по четворица, Неготино, Струга и Свети Николе по тројца, Кратово и Радовиш по двајца и по еден оздравен од Валандово, Богданци, Пехчево и Македонски Брод.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1