ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/21 4:11 PM

(Видео) Одвратна сцена среде концерт: Пејачка моча врз лицето на обожавател

Пејачката на рок групата „Брас Агенст“ (Brass Against), Софија Уриста ги шокираше фановите кога за време на концерт уринираше на лицето на обожавател. Снимката која кружи по социјалните мрежи ги згрози и фановите на бендот и комплетната јавност, а ситуацијата се случи на концертот на групата на Флорида.

Софија ја пееше „Разбуди се“ кога фан од публиката се качи на сцената да и се придружи. На видеото се гледа како момчето лежи на сцената додека пејачката се соблекува над неговото лице и му уринира врз главата, а потоа тој стана и дел од урината ја исфрли во правец на публиката, пресреќен што ја „имал“ честа да го биде измочан. Не е познато дали фанот знаел за што се работи пред да се согласи да се качи на сцената.

После овој скандал бендот се извини за инцидентот во име на пејачката, но фановите не им простуваат.

„Супер си поминавме на фестивалот во Дејтона. Софија е занесе, тоа не е нешто што го очекувавме и нема тоа повторно да го видите на нашите концерти“, порачаа од бендот.

 

Извор: Mondo.rs

 

Фото: gossipchimp.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1