ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/21 4:02 PM

Арсовска се сретна со претставници на синдикатите на ЈСП

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се сретна со претставници на трите репрезентативни синдикати на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие на Скопје – ЈСП.
„На средбата се разговараше за проблемите со коишто секојдневно се соочуваат вработените во јавното претпријатие и за нивно итно решавање, како што е недостигот на квалитетни возачи, одржување на работилницата и проблеми поврзани со другите сектори, а стана збор и за конкретни преговори за правата на вработените, правилна распределба на платите, нови редовни вработувања, како и за потпишување нов Колективен договор“, информираат од Град Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1