ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/21 3:59 PM

Додека ова го читате, Фајзер заработи 65.000 долари

Фајзер Бионтек и Модерна заработуваат вкупно 65.000 долари за минута, благодарение на вакцините против корона вирус , се вели во извештајот на Народната алијанса за вакцини, која се залага за рамномерна распределба на вакцините во светот.

„Фармацевтските компании го зголемија профитот, продавајќи огромен процент од своите вакцини на богатите земји, на штета на помалку развиените земји, каде стапката на вакцинација против Ковид-19 останува ниска“, се вели во соопштението на групата.

Според пресметките од Алијансата, кои се засноваат на официјални финансиски податоци објавени од истите компании, оваа година тие ќе имаат профит пред оданочување од 34 милијарди долари или заработка од 1.000 долари во секунди, 65.000 долари во минута или 93,5 милиони долари дневно.

„Неморално е некои компании да заработуваат милиони долари секој час, во време кога само 2% од луѓето кои живеат во земји со ниски приходи се целосно вакцинирани против Kовид-19“, рече Мааза Сејум од Канцеларијата на People’s Vaccine во Африка.

Организацијата ги критикува овие три фармацевтски компании дека – и покрај 8 милијарди американски долари јавно финансирање што ги добиле – ги отфрлиле сите повици за пренос на технологијата на вакцини во земјите со ниски приходи преку Светската здравствена организација, „мерка која може да ја зголеми глобалната понуда, пониски цени и спасување на милиони животи“.

 

извор: Светски агенции


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1