ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/21 2:26 PM

Пијте какао-полно е со антиоксиданси кои штитат од рак, срцеви болести и дијабетес

Дали какаото има здравствени придобивки? Со оглед на тоа што е составен дел од чоколадото, кое го користиме при приготвување на слатки, важно да се отфрлат сите митови поврзани со овој златен прав.

Како што знаеме, какаото се добива од дрвото какао, а неговите зрна се мелат и се користат за правење слатки, чоколади, торти… Сировите зрна имаат горчлив вкус. Тие содржат влакна, мононезаситени (здрави) масти и минерали како што се калиум, магнезиум и бакар. Какаото е исто така полно со антиоксиданси и витамин Д, клучни за апсорпцијата на калциум.

Сепак, хранливата вредност на какаото зависи од начинот на обработка на зрната. На пример, ако зрната се печат на високи температури, какаото го губи количеството на антиоксиданси. Сепак, оваа намирница се покажа како ефикасна кај многу болести и ја подобрува општата благосостојба на организмот.

Здравствени придобивки од какаото
1. Антиоксидансите ги неутрализираат слободните радикали кои ги оштетуваат клетките и доведуваат до појава на оксидативен стрес, кој влијае на појавата на хронични болести, како што се ракот и срцевите заболувања. Бидејќи какаото содржи антиоксиданси од групата феноли кои според студиите го намалуваат ризикот од рак.

2. Истите тие антиоксиданси го контролираат воспалителниот процес во телото. Така, тие го намалуваат хроничното воспаление кое доведува до болести како што се дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Овие антиоксиданси го спречуваат и почетокот на воспалителните процеси.

3. Полифенолите во какаото се всушност пробиотици. Затоа, какаото е добро за цревната флора и помага при проблеми со варењето.

4. Покрај борбата против оксидативниот стрес и воспалението, антиоксидансите во какаото ослободуваат азотен оксид, кој влијае на проширувањето на крвните садови. За возврат, крвта полесно циркулира низ телото, го намалува крвниот притисок, што доведува до намален ризик од срцев удар.

5. Истражувањата покажаа дека чоколадото го намалува ризикот од дијабетес, поради антиоксидансите. Тие влијаат на лачењето на инсулин и го балансираат нивото на шеќер во крвта.

6. Чоколадото со висок процент на какао (темно чоколада) го стимулира централниот нервен систем, што доведува до подобра когнитивна функција. Затоа, темното чоколадо влијае на подобар фокус, концентрација и подобри перформанси.

На крајот, важно е да се споменат неколку факти. Иако какаото се покажало како исклучително здрава намирница, со него мора да бидеме умерени. Бидејќи содржи кофеин, прекумерната употреба може да доведе до зголемен пулс, потење, проблеми со спиењето…Исто така, важно е да се изберат чоколади со највисок можен процент на какао, а најмал процент на масти и шеќер. Секогаш избирајте темно чоколадо. Ако користите какао, засладете го со мед наместо со шеќер.

Извор: lepotaizdravje.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1