ММС
Банер за Супер7
биљал касами

Објавено на: 11/16/21 11:59 AM

Ќе се прекинат сите договори, се што е спротивно на законот ќе ги враќаат парите, најави Касами, градоначалникот на Тетово

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами,  утрово на прес конференција истакна дека во општината има над 350 склучени договори на дело, со лица од кои поголем дел не одат на работа, а и не се знае што работат. За разлика од хонорарците, бројот на вработени со решенија е помал околу 340. Касами најави ревизија за сите малверзации поврзани со договорите.
„Има договори на дело со над 350 лица, до Нова година им завршуваат договорите. Ќе се прекинат сите договори, а се што е направено спротивно на законот, ќе се враќаат и пари. Сега службите прават анализи, дали тие средства се исплаќале согласно законот, ако не е е така, тие пари треба да се вратат“, рече Касами.
Тој најави бесплатен паркинг, затоа што, како што рече, и во Јавното претпријатие Градски Паркинг, имало малверзации, а работеле со големи загуби. Се додека не се открие вистината за функционирањето на ова претпријатие и како ќе биде најдобро во иднина да функционира, паркирањето ќе биде бесплатно. Најави и остранување на велосипедската патека долж булеварот Илинденска.
„Велосипедска патека долж булеварот Илинденска нема да има, затоа што столбчињата кои се поставени по овој булевар, кои ја обележуваат оваа велосипедска патека, се поставени незаконски. Има за тоа и судско решение за да се остранат и ние тоа решение мора да го почитуваме.Ќе имаме и директен пренос на седниците на општината, граѓанска акција за чистење на градот, ќе има селекција на отпад, поставување на дополнителни контејнери, завршување на сите инфраструктурни проекти“, рече Касами на презенацијата на програмата на 100 дена на Општина Тетово.

(З.Д.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1