ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/21 10:30 AM

Убиен 59-годишен маж во масовна тепачка во Кавадарци

Педесет и девет годишниот Зулфи Пашов од Кавадарци е убиен утринава откако бил прободен со остар предмет, потврдија од МВР. На убиството му претходела  физичка пресметка со повеќе лица,  што утринава во 04.30 часот се случила  во „Брушанско маало“ во Кавадарци.

„На 16.11.2021 околу 04.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Сафет.Х.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на  ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци “ информираат од МВР.

Дознаваме дека во полициска станица Кавадарци за расчистување на случајот, на разговор биле повикани С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци.

А.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1