ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/21 9:09 AM

Во тек тестирање на назалните вакцини, засега без нус појави

Во Русија веќе се тестираат назалните вакцини, без несакани ефекти.

– До денес немаме забележано никакви несакани ефекти кај назалните вакцини – изјави директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинзбург.
Кон средината на октомври беше објавено дека Министерството за здравство дозволило клиничко тестирање на спрејот 08-Гам-КОВИД-Вак-2021, кој го изработи центарот „Гамалеј“.

Гинзбург најави дека за употребата на овој препарат заедно со вакцината ќе се одлучува по клиничките испитувања.

Назалната вакцина, како што наведе, ќе може да се користи барем еднаш во половина година, а уште поретко, но тоа допрва треба да се проучува.

Извор: srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1