ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/21 8:50 AM

Познати 11 учесници на Светско првенство 2022 година во Катар

По завршувањето на квалификациските натпревари од синоќа познати се 11 репрезентации кои досега обезбедија учество на Светското фудбалско првенство следната година. Покрај домаќинот на Мундијалот 2022, Катар, учество изборија и:

Германија – победник во квалификациската група Ј во Европа
Данска – победник во квалификациската група Ф во Европа
Бразил – победник во квалификациската група во Јужна Америка
Белгија – победник во квалификациската група Е во Европа
Франција – победник во квалификациската група Д во Европа
Хрватска – победник во квалификациската група Х во Европа
Шпанија – победник во квалификациската група Б во Европа
Србија – победник во квалификациската група А во Европа
Англија – победник во квалификациската група И во Европа
Швајцарија – победник во квалификациската група Ц во Европа.

За 26 ноември е закажана ждрепката за плејофот на европскиот континент на која ќе учествува и македонската репрезентација. Ќе се формираат три групи со по четири репрезентации, само победниците ќе изборат пласман на СП во Катар. На првенството кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 ќе играат 32 репрезентации.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1