ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/16/21 8:52 AM

Шпекулација од 300.000 евра за пратеник за обезбедување мнозинство пренесува грчки Катимерини

Подолга анализа на грчкиот весник Катимерини за бурните настани од минатата недела со обезбедувањето на мнозинството за владата предводена од Зоран Заев, дава светло на декемврискиот самит на ЕУ. Навраќајќи се на отсуството на пратеникот Кастриот Реџепи, весникот пренесува, како што пишува „чаршиски муабети“, дека од петокот почна трката по пратеници за обезбедување на мнозинство.

„Гласините на политичката сцена во Скопје ја покачуваат цената „по глава на пратеник“ на 300.000 евра. Извештаите велат дека најмалку четворица од 12-те пратеници од албанската опозиција биле подготвени да се отцепат и да ја зајакнат владејачката коалиција, која Заев планираше да ја објави. Сепак, политичкиот хоризонт на него и на неговата влада не е светол“, пишува во анализата.

Понатаму Катимерини објавува дека мнозинството го спаси Реџеп Таип Ердоган со Реџепи, по што се осврнува на посетата на холандскиот премиер Руте и ангажманот на меѓународната заедница во тие „драматични часови“.

„Се зголемуваат информациите за мобилноста на Европејците и Американците за да го поддржат Заев со почеток на преговорите во декември. Западните сојузници со одлуката на тој самит може ќе го вратат во живот Заев и неговата влада давајќи им го „бакнежот на животот“ во декември, но политичкото време истекува. Поразот на изборите го покажа брзото влошување на сите нивоа. Не беше само неможноста да се унапреди целта за членство во ЕУ, што исто така посакуваат граѓаните. Општеството изгледа фрустрирано од стилот на владеење и бесно на неконтролираната корупција, неможноста да се управува со економијата и „социјалдемократскиот“ авторитаризам што го осуди пред гласачките кутии.

Со евентуалниот почеток на пристапните преговори, владејачката коалиција ќе има наратив да продолжи понатаму и Заев во одреден момент ќе може да си замине, но ќе биде повикан да поправи се друго што се однесува на секојдневниот живот на народот и тоа ќе да не биде воопшто лесно.

Добрите страни на актуелната власт треба да бидат незрелоста и недовербата на меѓународната заедница во националистичката ВМРО, на која, како што се вели, почна „масажата“. Што се однесува до Заев, доколку го добие датумот, ќе може достоинствено да си замине, барајќи ја својата историска улога, ставајќи ја земјата во НАТО и ЕУ“ е дел од анализата на грчки Катимерини.

 

извор:Катимерини


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1