ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 9:34 PM

Ручек кој нема да ве чини многу – Мусака на поинаков начин

Во денешно време кога се повеќе домаќинки се обидуваат да направат квалитетен оброк со најмал можен буџет, се појавуваат нови економични рецепти. Еден од нив е овој рецепт, кој иако е евтин, не заостанува по квалитет.

За мусака со зелка и сланина ви требаат:

5-6 компири, 300 гр зелка – 2 чешниња лук, 4 лажици кисела павлака,

2 јајца, 2-3 лажици млеко, сол и масло.

Подготовка: Излупете ги компирите, измијте ги и исечете ги на прстени. Измијте ја зелката, исчистете ја од жилите и ставете ја да се бланшира во малку вода. Потоа додадете малку масло да се пржи. Додадете павлака и ситно сечканиот лук и сол. Се динста неколку минути, па се трга од оган.

Ако имате малку сланина или друго месо, слободно додадете го во рецептот. Потребно е ситно да се исецка и потоа да се нареди преку компирите, а пред зелката.

Мал огноотпорен сад намачкајте го со малсо и наредете: ред компири, ред зелка. Секој ред компир задолжително посолете го. Повторете со 3 слоја. Посипете со изматено јајце со малку млеко.

Се пече поклопено или покриено со алуминиумска фолија околу 45 минути, за да омекнат компирите. Потоа откријте и печете уште 20 минути, додека не порумени.

Извор/Фото: Србија24.инфо


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1