ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 8:54 PM

После смртта на Маринко Роквиќ, неговиот син мирот го најде само на едно место

Маринко Роквиќ почина на 6 ноември во својот дом, а неутешното семејство се уште тешко се носи со големата загуба.

Скоро 10 дена по смртта на неговиот татко, синот на пејачот Никола Роквиќ за прв пат се огласи на својот Инстаграм и ја искористи приликата да им се заблагодари на сите што му испратија зборови на поддршка до него и до неговите најблиски.

Никола сподели слика од манастирот каде го нашол мирот.

„Ви благодарам на сите драги луѓе што сте со нас во најтешките моменти од животот, многу значи, би ве гушнал и бакнувал сите! Господ да ве благослови!“, напиша Никола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)

Маринко почина како последица на долго и тешко заболување од рак на панкреасот, а негова желба беше тоа да не го коментира во јавноста, што тие го почитуваа. Комеморацијата се одржа на 11 ноември во „Камената сала“ на Радио Белград, а погребот се одржа истиот ден на гробиштата Нова Бежанија.

Извор: Мондо.рс

Фото: Мондо/Стефан Стојановиќ/Kурир/Зорана Јевтиќ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1