ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 8:06 PM

Управителот на ЕВН со уште петмина осомничен за препродажба на земјиште во Делчево за милионска сума

Во истрагата за ЕВН поради која минатата недела се правеа претреси по домови на лица во Скопје и Делчево, како што објави „А1он“, главен осомничен е управителот на „ЕВН Македонија Електрани“ Игор Гиевски.

Се работи за продажба за земјоделско земјиште во Делчево, а во истрага во оваа фаза се вклучени неколку државни институции.

Од „А1он“ посочуваат дека Гиевски заедно со уште петмина, од кои тројца се физички лица, а двајца вработени во ЕВН, земјиште кое прикажале дека го добиле како подарок, неколку дена потоа, го продале за 1,5 милиони евра на ЕВН.

Гиевски не ја коментирал истрагата. – Не би коментирал сега ништо, рекол Гиевски на прашањето од „А1он“ дали и кај него е направен претрес, по што додал дека „за се друго што ве интересира имаме официјален портпарол. Нема таква информација, се што е дојдено е преку фирмата, така што, немам што да ви додадам“.

Портпаролката на ЕВН Ленче Карпузовска за МИА рече дека не коментираат, дека има истрага и соработуваат со Финансиската полиција.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1