ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 6:37 PM

(ВИДЕО) Кога песната е добра, а ти не го знаеш текстот – Опра Винфри ќе продолжи да пее на песна на Адел и покрај се

Опра Винфри на својот Твитер профил објави исечок од претходно снимениот концерт на Адел по повод интервјуто кое пејачката и го даде на познатата водителка.

На концертот покрај Опра присуствуваа и Лизо, Мелиса Мекарти, Џејмс Корден и Гордон Ремзи. Водителката застана до Лизо и пееше. Но, нејзините следбеници забележале дека Опра навистина не ги знаела стиховите од песната „Hello“, која Адел ја изведувала во тоа време.

 

Корисниците на Твитер набрзо почнаа да се шегуваат на сметка на пеењето на водителката. Тие коментираа дека Лизо „апсолутно убила“, додека Винфри не успеала баш.

„Кога песната е добра и не го знаеш текстот. Ние сочувствуваме со тебе“, „Опра е жена која ќе продолжи да пее иако не ги знае зборовите“, „Опра е тука за сите нас кои половина го знаат текстот и сè уште пеат.“ „На Опра навистина не и е грижа за текстот на песната“, се само дел од коментарите. Видеото досега го погледнале повеќе од половина милион луѓе.

Извор: Индекс.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1