ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 3:49 PM

Нови 172 случаја на ковид-19, оздравени се 381 лице, починаа девет болни

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од направени 1.483 тестирања регистрирани се 172 нови случаја со ковид-19. Во истиот период, евидентирани се и девет починати лица и 381 оздравен пациент, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број нови случаи, од Скопје се 107, Охрид 11, Битола 8, Кавадарци и Штип по 6, Велес и Струга по 5, Струмица 4, Свети Николе и Кратово по 3, Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 2, Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија по 1.
Од деветте починати лица, четири се од Скопје (61г, 71г, 72г и 75г) и по едно од Битола (65г), Берово (63г), Струга (85г), Струмица (65г) и Македонска Каменица (76г). Сите починале во болнички услови.
Од 381 оздравен пациент од Скопје се 145, Битола 42, Куманово 30, Штип 22, Кавадараци 21, Велес 20, Кочани 18, Крива Паланка 15, Прилеп 12, Тетово 10, Кичево и Берово по 8, Свети Николе и Неготино по 5, Кратово и Делчево по 4, Охрид, Богданци и Радовиш по 3 и Пробиштип, Ресен и Македонски Брод по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.430.424 тестирања, вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 209.449, бројот на оздравени е 193.781, на починати е 7.337, а на активни случаи изнесува 8.331.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1