ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 3:01 PM

Штип: Власта и опозицијата со различно толкување на рокот даден од инспекторите на Локалната самоуправа

Според позицијата, штипскиот Светот ќе ги испочитува барањата од решението за опомена во законски предвидениот рок од 15 дена адресирани до Претседавачката на Советот и градоначалникот, но и дека ќе се искористат сите правни лекови. Според опозицијата рокот за отстранување на неправилностите е три дена, а во рок од 15 дена треба да се извести Инспекторатот за Локална самоуправа дека е постапено по барањата од решенито. Можноста одлуките коишто досега ги има донесено Советот, да бидат прогласени за ништожни, на што потенцираше опозицијата, за претседателката на Советот, Весна Кожинкова не беа пречка да се закаже и одржа уште една Седнива, трета по ред.

 

„Ние како Советот на Општина Штип ќе ги испочитуваме барањата од решенито за опомена во законски предвидениот рок и воедно ќе ги искористиме сите правни лекови. Во меѓувреме седницата на Советот мора да продолжи, затоа што точка на дневен ред е предлог за усвојување на ребаланс на Буџетот, нешто со што сме законски обврзани,“ образложи Кожинкова, потенцирајќи дека таа се уште ја нема добиено предлог-опомената од страна на инспекторите за Локална самоуправа.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дошко Иванов, вели дека согласно решението, точка 3, има предвидено законски рок во којшто се вели дека се констатирани  неправилности, но  не пишува дека треба да се отстранат неправилностите.

„Во законски предвидениот рок од 15 дена по координација на советничката група, ќе го испочитуваме ситиот,“изјави Иванов.

Градоначалникот Иван Јорданов, не сакаше да коментира, туку само напомена дека ќе ги испочитуваат законските рокови предвидени во решението.

Според опозицијата во Советот, мнозинството и понатаму ги крши сите законски, уставни и правни норми со оглед на тоа дека во решението стриктно е наведено  дека треба да се потпишат нови свечени изјави во кое што стои уставното има -Република Северна Македонија и дека сите акти кои што се донесени и ќе се носат во Советот се ништовни и не произведуваат правно дејство. Од тие причини како што информираше координаторката на советничката група на СДСМ, Маријана Рогожарска-Поповска тие не присуствуваа и на денешната трета по ред седница на Советот.

„Ако се има предвид дека инспекцискиот надзор беше спроведен на 5 ноември, непосредно пред одржувањето на втората седница на Советот и за која инспекторите не беа известени, земена е во предвид само конститутивната седница, предлог-решието се однесува за сите одлуки коишто ќе бидат донесени без потпишана соодветна изјава,“ потенцира Рогожарска-Поповска.

На денешната седница на Советот беше верификуван советничкиот мандат на Зоран Костовски, затоа што поради службено отсуство, не присуствуваше на конститутивната седница. Костовски не ја потпиша свечената изјави од истите причини и како и останатите членови на неговата советничка група.

Побара што побргу да се отстранат неправилностите, за да може Советот нормално да функционира.

„Апелирам службите да бидат поефикасни, да не прават само копи пасте, навреме да реагираат и да постапуваат според промените“ алудирајќи на документите на кои што се повикува позицијата дека свечени изјави и други документи со -Република Македонија донесувал и потпишал и претходниот совет, потенцира Костовски.

 

Банер за Супер7
1x1