ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 2:49 PM

Вакцина против сезонски грип примиле 6.099 граѓани

Вкупно 6.099 граѓани досега примиле вакцина против сезонски грип,  а 35.811 лица се пријавени преку веб страната vakcinacija.mk . Вакцини има во доволен број, информираа од Министерството за здравство.
Годинава, Министерството за здравство набави 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од шест месеци до пет години. Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна.

(МИА)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1