ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 1:01 PM

Во октомври за 55 отсто помалку жртви во сообраќајки

Бројот на жртви на сообраќајниците во октомври 2021 е за 55 отсто помал од октомври 2020, соопштија денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски и претседателката на РСБСП Гордана Кожувароска, на одбележувањето на 15 ноември-Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи.
„Во октомври оваа година имаме пет жртви во сообраќајните несреќи, а во октомври минатата година имало 11. Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за бројките да се намалуваат и понатаму и ги повикувам граѓаните кои досега не ги почитуваа правилата, да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. Десетте месеци од 2021 покажуваат дека годинава има најмал број на жртви на патиштата“, рече Ангеловски.
Според Кожувароска, ООН усвои резолуција со која повикува на одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди.
Годишно, 1.3 милиони луѓе во целиот свет го губат животот во сообраќајни несреќи, а 20 до 50 милиони лица се повредуваа. Тоа значи дека на секои 25 секунди едно лице го губи животот во сообраќајна несреќа во светот.

(МИА)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1