ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 12:42 PM

Средба меѓу Пендаровски и Бислимоски за енергетската криза

Состојбите во електро-енергетскиот систем во земјава, беа тема на денешната средба во претседателскиот кабинет, меѓу претседателот Стево Пендаровски и првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
На средбата, како што соопштја од Кабинетот, се разговарало за стабилноста на македонскиот електроенергетски систем, предизвиците со кои се соочуваме и владината уредба за прогласување кризна состојба.
Бислимоски информирал за активностите што се преземаат и за предвидените мерки во иднина, за капацитетите на домашното производство, како и за правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности.
„Неопходно да се преземат сите мерки со цел успешно справување со предизвиците наметнати од глобалната енергетска криза, санирање на енергетскиот сектор и потребите на пазарот, како и соработка меѓу државните институции и компаниите од енергетскиот сектор“, рече Пендаровски, според кој, одлуката за прогласување кризна состојба, е нужна, со цел поефикасно спроведување на мерките и справување со предизвиците од енергетската криза.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1