ММС
Банер за Супер7
фото: Профимедиа

Објавено на: 11/15/21 12:13 PM

Локдаун во Австрија-полицијата од денеска ќе казнува невакцинирани со по 1.450 евра

Австриската полиција од денеска го контролира почитувањето на правилата „2Г“ на јавниот простор, односно локдаунот на невакцинирани лица, а во случај на прекршување на епидемиолошките мерки, се предвидува казна од 1.450 евра.

„Заклучувањето“ за невакцинираните лица ќе биде постојано контролирано, најави австрискиот канцелар Александар Шаленберг.

Така, почитувањето на мерките за невакцинираните лица, на пример, ќе се контролира при контрола на сообраќајот, но и во трговските центри.

И министерот за внатрешни работи Карл Нехамер најави дека од понеделник две дополнителни полициски патроли во општината ќе се занимаваат исклучиво со контролирање на невакцинираните.

Исто така, ќе се засили и полициската акција во борбата против фалсификување на потврди за вакцина.

Што се однесува до приватниот простор, според Нехамер, тој нема да се контролира и во таа насока апелираше граѓаните да се придржуваат до мерките.

Граѓаните, посочи тој, мора да бидат свесни дека ќе бидат контролирани и дека со себе мора да имаат докази „2Г“ и најави дека ќе се вршат контроли од големи размери.

Секој што е контролиран и фатен на јавен простор без валидни докази „2G“, како потврда за вакцинација или потврда за излекување од Ковид-19 не постара од 180 дена, ќе биде казнет.

Така, за одбивање на „2Г“ контрола е предвидена казна од 1.450 евра, колку чини и кршењето на карантинот од невакцинираните, но и за клиентите кои го прекршуваат правилото „2Г“ во продавница.

Сопственикот на објектот во кој се прекршува правилото „2Г“ ќе биде казнет со 3.600 евра. Прекршувањето на правилата „3Г“ на работното место на работникот „чини“ 500 евра, а на работодавачот 3.600 евра.

„Најскап“ прекршок е кога некој ќе биде фатен како организира настани без да ги почитува корона мерките, што се казнува со 30.000 евра.

Извор и фото: espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1