ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 10:39 AM

Знаете ли кога е најдобро време за секс и барање повисока плата? – Експертите го утврдија најдобриот тајминг за сите обврски

Знаете ли кога е најдоброто време за земање витамини, секс, барање покачување на плата? Ако не сте сигурни, не се грижете затоа што експертите преку истражување во кое учествуваа 88.000 луѓе го утврдија и тоа.

Еве што треба да правите во текот на целиот ден:

– 6.00 часот: измерете се на вага, но претходното одете во тоалет, ќе ги добиете точните резултати;

– 7.00 часот: земете витамински суплемент пред појадок за да се апсорбира подобро и потоа појадувајте;

– 7.30 часот: направете тест за бременост ако се обидувате да забремените, тогаш ХЦГ хормонот е најконцентриран;

– 8.00 часот: одете на лекар, тогаш се најголемите шанси да ви закаже специјалистички прегледи ако ви се потребни;

– 8.30 часот: средете ги сметките и другата документација, тогаш сте најкоцентрирани;

– 10.30 часот: одете да купите храна, не сте гладни нема да ве „повлече„ стомакот да купите и тоа што не ви треба;

– 11.00 часот: Барајте зголемување на платата, тогаш хормонот за стрес се уште е покачен што е добра работа, нема да бидете срамежливи;

– 12.00 часот: Прошетајте се, ќе добиете Д-витамин од Сонцето;

– 13.00 часот: Ручајте, оптимално време е помеѓу појадокот и вечерата;

– 15.00 часот: Време за секс! Тогаш хормоните на жените и мажите се најусогласени;

– 15.30 до 18 часот: Или средете ја куќата или вежбајте, координацијата и нивото на енергија тогаш ви се совршени за такви активности;

– 17.00 часот: Јадете нешто!

– 18.00 часот: Ако вам ви требаат чевли, сега пробајте ги, нозете ви се малку отечени од цел ден и ќе забележите ако ве стегаат;

– 21.00 часот: Истуширајте се, подобро ќе се подготвите за спиење;

– 22.00 – 23.00 часот: Ова е совршено време за одење на спиење.

Извор: Mondo


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1