ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 9:44 AM

Нема Северна – штипскиот Совет продолжува со промена на Управните одбори и покрај опомената за незаконитост

Советот на Општина Штип за само десетина дена од конституирањето, ја закажа третата седница на која меѓу другото, се ставени точки за промена на Управните одбори на општинските институции, со кои се отвора пат за промена на директорите. Советот заседава и покрај решението на Инспекторатот за локална самоуправа, кој испрати опомена, со оценка дека свечените изјави без уставното име коишто ги потпишаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, се спротивни на Уставот. Доколку изјавите не се усогласат со Уставот и не се повторат, може да следи мерката забрана за прописи што ќе доведе до блокада на работата во Советот.
На оваа трета седница на Советот на Општина Штип, на дневниот ред не е ставена точка за повторување на изјавите, што може да води кон заклучокот дека мнозинството одлучило да на постапи по Решението на Инспекторатот.
Со доставениот документ во петокот, Инспекторатот за локална самоуправа изрече и опомена на градоначалникот Иван Јорданов и новоизбраната претседателка на Советот, Весна Кожинкова – Карагунова.
Да потсетиме, мнозинството во Советот на Општината Штип свечените изјави ги потпиша со името Република Македонија, додека советниците од коалицијата на СДСМ, укажувајќи на кршењето на прописот, ја напушти седницата. Советот работи без опозицијата, чии советници со непотпишувањето на изјавите, можат да присуствуваат на седниците, но не и да гласаат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1