ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 8:45 AM

Три дела од телото мора да се мијат секој ден со сапун, другите само исплакнете ги, советуваат лекарите

Прекумерното туширање или капење може да донесе само проблеми, а не и олеснување. Според лекарите, дневно со сапун треба да миете само три дела од телото: под пазувите, препоните и стапалата. А остатокот од телото? Само исплакнете со вода.

Сенди Скотнички, доктор и професор по дерматологија на Универзитетот во Торонто, минатата година објасни како триењето на целото тело со сапун и вода може да доведе до проблеми со кожата, како што се егзема и други состојби. Наместо да го „чистете“ целото тело, фокусирајте се на деловите кои треба темелно да се измијат. Ако го миете целото тело со сапун, можете да ги уништите сите корисни бактерии кои се на кожата, додаде др. Робин Чуткан, основач на Центарот за жени во Мериленд.
На делови од телото им требаат одредени бактерии, вели тој, а кога ги миеме со сапун се намалува отпорноста на одредени вируси, што ве доведува во ситуација да се разболите.

„Единствените места што навистина треба темелно да се исчистат во текот на денот се пазувите и препоните. Другите делови од телото треба само да се исплакнат, дури и ако сте дојдени од тренинг“, додава докторот.

Едно истражување од 2018 година покажа дека луѓето кои ги немаат споменатите бактерии на кожата се во ризичната група за развој на некои болести. Местата на телото кои штотуку ги спомнавме се оние каде што се формираат габи или каде што може да расте влакно и да доведе до инфекција, а тоа се и местата на телото каде што се наоѓа најчувствителната кожа. Сепак, она што треба да се следи секој ден и што е се почесто, особено во време на пандемија, се – рацете.

Извор: pink.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1