ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 8:18 AM

Вториот блок на РЕК Битола од синоќа повторно вклучен во електроенергетскиот систем

Блок 2 на РЕК Битола од синоќа во 2:45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од Блок 1, соопшти АД ЕСМ.

На депонијата за јаглен во РЕК Битола во моментов има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а количините се надополнуваат и се зголемуваат во континуитет.

Стручниот тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена, информираат од АД ЕСМ.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1