ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/14/21 10:18 PM

(Фотогалерија) Честитки момци, се гордееме со вас, Пендаровски им честиташе на фудбалерите за пласманот во баражот

И претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва им ја честиташе победата на македонските фудбалери кои го победија Исланд и изборија пласман за Светското првенство што ќе се одржи во Катар.

– Честитки момци за одличната игра! Цела нација вечерва ја бодреше македонската фудбалска репрезентација во тешкиот меч против Исланд. Продолжуваме напред да се бориме за пласман за светското првенство во Катар. Се гордееме со вас!, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Во продолжение фотогалерија од објективот на нашиот фотограф Вангел Тануровски од најважниот меч на Македонија во 2021 година во која фудбалерите ја совладаа Германија, играа на Европско првенство и обезбедија пласман во баражот на Мундијалот за кој противникот ќе го дознаеме на 26 ноември.

фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1