ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/14/21 8:17 PM

(Видео) Сонот се исполни, Македонија преку бараж ќе брка историско учество на Светско првенство

Тоа што за македонската фудбалска репрезентација пред неколку години беше сон, сега стана јаве, откако Македонија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје славеше против Исланд со 3-1 и се пласираше во баражот за Светското првенство кое во декември 2022 година ќе се одржува во Катар.

 

Резултатот го отвори Езѓан Алиоски во 7. Минута. Гостите од Исланд изедначија во 54. минута со погодокот на Јон Дагур Торстеинсон. Потоа на сцена стапи Елиф Елмас кој со два гола (65. и 87. минута) ги однесе „црвено-жолтите” во баражот за Мундијалот во Катар 2022 година.

Избраниците на селекоторот Благоја Милевски во текот на целиот натпревар имаа голема поддршка од околу 20 илјади гледачи присутни на трибините на Националната арена.

По овој триумф со освоените три бода Македонците го освоија второто место на табелата со вкупно 18 бодови.

На другите две средби од последното, 10. коло во Ј-групата од квалификациите за СП 2022, Романија со 2-0 и Германија со 4-1 беа подобри на гости кај Литхентшајн, односно Ерменија.

Директен пласман на Светското првенство во Катар од поодамна избори првопласираната Германија која на крајот освои 27 бода.

Извлекувањето на групите за баражот е закажано за 26 ноември, а меѓу можните противници на Македонија се Полска, Норвешка, Турција, Србија, Велс и Русија, но се ќе биде познато во вторник вечерта кога ќе се одиграат и последните мечеви од квалификациите за Мундијалот.

фото и видео: ФФМ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1