ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/14/21 7:05 PM

Светското првенство никогаш не било толку блиску – Алиоски погоди за водство на Македонија против Исланд

Македонската фудбалска репрезентација со водство од 1-0 го почна одлучувачкиот меч за пласман во баражот за СП 2022 против Исланд, откако поведе по само седум минути игра.

Александар Трајковски му асистира на Езџан Алиоски кој скоро од мртов агол, го погоди единственото место каде што можеше да ја затресе противничката мрежа.

Уште 45 минути не делат од победа и пласман во баражот на Светското првенство, фаза до која никогаш претходно не стигнала фудбалската репрезентација.

Во нашата група, Ерманија дома губи со 0-2 од Германија која веќе обезбеди пласман на СП 2022, а Романија води на гости кај Лихтенштајн со 1-0.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1