ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/14/21 1:35 PM

Цела Британија загрижена – Кралицата Елизабета (95) го повреди грбот и ги откажа јавните настапи

Кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора нема да присуствува на свеченоста по повод Меморијалниот ден затоа што го повредила грбот, пишуваат тамошните медиуми.

„Кралицата, откако го повреди грбот, со големо жалење одлучи дека нема да може да присуствува на денешната церемонија“, наведе портпаролот на Бакингемската палата.

Британски „Телеграф“ пишува дека 95-годишната кралица била многу разочарана затоа што морала да го откаже јавниот настап кој го смета за еден од најзначајните ангажмани во годината. Ова е првпат од 1999 година да го пропушти кога беше во посета на Јужна Африка.

– Венец во нејзино име ќе положи принцот од Велс. Неговото кралско височество, заедно со војвотката од Корнвол, војводата и војвотката од Кембриџ, грофот и грофицата од Весекс, кралската принцеза и вицеадмиралот сер Тим Лоренс, војводата и војвотката од Глостер, војводата од Кент и принцезата Александра ќе бидат присутни како што е планирано – велат од палатата.

Кралицата требаше на кралските должности да се врати денес после еден месец одмор кој и го наложи лекарот откако помина една ноќ во болница, но се повредила во замокот Виндзор.

 

Извор: Mondo.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1