ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/13/21 7:47 PM

Состојбата е пата-пата, вели Пендаровски за обидот за изгласување недоверба на Владата

„Да почекаме од понеделник да видиме како ќе се развива ситуацијата по овој неуспешен обид за изгласување недоверба на Владата. Јасно е дека состојбата сега е пата-пата. Да видиме дали од понеделник ќе се формира ново, ќе се обнови постојното или ќе се зголеми ова што е досега мнозинство од 61 пратеник“, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски.
Во одговор на новинарско прашање за можно одржување на лидерска средба, Пендаровски посочи дека неговиот став за да се одржи таква средба „од кој било аспект на тековната политичка криза, што започна по вториот круг на локалните избори, потребна е заемна согласност од власта и опозицијата“.
Прашан дали ќе има предвремени парламентарни избори, шефот на државата појасни дека според Уставот, постои само еден начин за распишување предвремени избори, а тоа е пратениците со 61 глас „за“ да го распуштат Собранието.

(МИА)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1