ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/13/21 9:00 PM

Наједноставен и највкусен колач со вишни

Вишната е овошје кое го „отвора“ апетитот, ја обновува физичката сила и го зајакнува имунитетот има антиинфламаторно, антиоксидантно дејство, помага при нервоза, несоница… Таа е мошне присута во природната медицина, а нејзините придобивки се научно докажани во многу студии.
Доколку ви недостига уживање кое ќе ве исполни со својот вкус, тогаш е вистинско време да подготвите колач со вишни.

Потребни состојки :

4 јајца
6 чаши шеќер
2 чаши масло
1 јогурт
8 чаши брашно
1 прашок за пециво
300 гр вишни
На почеток, изматете ги јајцата. Потоа додадете го шеќерот и мешајте додека не се растопи.
Додадете ги течните состојки, маслото и јогуртот. Сето тоа убаво изматете го и додадете го брашното, внимателно, за да не направите грутчиња. На крајот додадете го прашокот за пециво.

Истурете ја смесата во плех, претходно обложен со хартија за печење. Ставете да се пече на 180 степени. По околу 10 минути, посипете ја со вишни и вратете го колачот да се допече до златно кафена боја. По желба, посипете со прашок за пециво.

Изворт: glossy.espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1