ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/13/21 10:10 PM

Ако не можете да живеете без мобилен- проверете дали страдате од номофобија

Ако не можете да излезете од дома без мобилен телефон, не одите ни во тоалет или не трчате без него, можеби и вие страдате од номофобија. Номофобијата е нарушување кое се карактеризира со страв да се живее без телефон. Тоа не е страв од губење, кражба или кршење на самиот апарат. Тоа е страв да излезете од дома без телефон, чувството на напнатост кога батеријата е исклучена, немате полнач при рака или анксиозноста кога сте на места каде што е забрането користење телефони – пишува на студија на Британската психолошка асоцијација.

Според нивното истражување, 13 милиони луѓе во светот имаат симптоми на оваа фобија, а можно е оваа бројка да е уште поголема со појавата на паметните часовници, кои функционираат како мобилен телефон. Класичните симптоми се анксиозност, забрзано чукање на срцето, потење на дланките само кога ќе се најдете во ситуација да немате мобилен телефон или сте на место каде што не може да го користите.

Фобиите почесто ги погодуваат жените, иако мажите се тие кои повеќе користат мобилни телефони. Помладите генерации, тинејџерите, средношколците и студентите растат со технологија и интернет, па ја претставуваат најризичната група, бидејќи најтешко се одвојуваат од своите мобилни. Во истражувањето спроведено во Велика Британија, меѓу 1.000 испитаници, дури 66 отсто признале дека чувствуваат страв доколку се најдат на јавно место без мобилен телефон, а повеќето од нив биле на возраст од 18 до 24 години, додека 77 отсто од нив, постари од 25 години изјавиле дека без телефон можат да издржат само неколку минути.
Следете ги знаците
Никогаш не го исклучувате телефонот
Опсесивно ги проверувате пораките, пропуштените повици и мејловите
Постојано ја полните батеријата за случајно да не ве изневери
Никогаш не одите во тоалет без мобилен телефон
Страв ви е дека ќе ви се случат некои негативни работи и дека нема да можете да повикате помош
Страв ви е да останете без Wi-Fi или интернет
Ги прескокнувате секојдневните активности или планови за да поминувате повеќе време на телефон
Статистиката покажува дека дури 75 отсто од луѓето го носат телефонот во бањата и тоалетот

Експертите велат дека доколку сакате да се чувствувате безбедно и да избегнете напади на паника, секогаш треба да носите полнач со себе, но доколку сакате целосно да се ослободите од овој страв, тогаш треба да преземете малку подрастични мерки.

За почеток, исклучете го телефонот еден час во текот на денот додека сте дома, ставете го во фиока и заминете. Следниот ден повторете го истото, но два часа и така додека целосно не се ослободите од стравот. Тогаш ќе можете да уживате во чувството на мир кое нема да го прекине звукот од телефонот кој ве известува за нова е-пошта, известување или СМС порака – советуваат експертите.

Извор:informer.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1